(ВИДЕО) Огромна статуа на Исус Христос поставена на сириско-либанската граница

Огромна статуа на Исус Христос Спасителот беше подигната пред неколку дена на сириско -либанската граница, објавија сириските медиуми.

Статуата висока 26 метри беше поставена на таканаречената Планина на крстот во регионот Ал-Каа, така што „гледа“ кон долината Бекаа, која беше бомбардирана од Исламска држава во 2016 година.

Како што објави локалната општина, статуата е изградена со донација од жителот Фади Елиас Авад, за да служи како симбол на верата и отпорноста во регионот кој многу страдал.

„Таму каде што некогаш имаше страв и крв, сега има симбол на љубов и надеж“, се вели во соопштението на либанската општина

Back to top button
Close