ВИДЕО | Опожарена депонија близу Арачиново

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вчеравечер соопшти дека повеќе од 30 часа горела депонија во непосредна близина на Арачиново и испрати апел до Данела Арсовска и противпожарните единици за поголемо ангажирање при гаснењето на овој пожар.

Фото: Фејсбук

– Апелирам до градоначалничката Данела Арсовска со ТППЕ Скопје повеќе да се заангажираат околу гаснење на оваа депонија која гори непрекинато од вчера попладне, т.е. повеќе од 30 часа и го загади цело Скопје! Инаку, овој пожар е далеку од шумски појас и е надвор од ингеренциите на ЈП „Македонски шуми“, но, доколку се појави потреба, ќе помогнеме и ние секако во санирањето, сподели тој вчера на неговиот фејсбук-профил.

Тој овој пожар го нарече еколошка бомба која ќе почне да го труе Скопје и сите граѓани кои овие денови циркулираат во тој реон.

Извор: Слободен печат

Back to top button
Close