(ВИДЕО) Опожарени два стана во пожар во зграда во Штип

Станарите биле навреме евакуирани од зградата, јавуваат локалните медиуми. На еден од нив му била укажана лекарска помош поради вдишување чад

Два стана се опожарени во пожарот што изби попладнево во зграда на улица Широк дол во Штип.

Врз пожарот дејствувале 12 пожарникари со две противпожарни возила и благодарение на нивната брза интервенција, тој бил набрзо локализиран.

Станарите биле навреме евакуирани од зградата, јавуваат локалните медиуми. На еден од нив му била укажана лекарска помош поради вдишување чад.

„Пожарот на двата стана е на трети кат во зграда број 5 на улицата Широк Дол во Штип. Поради чадот дошло до гушење на едно лице на кое не се забележуваат видливи повреди. На повредениот му е укажана лекарска помош и е надвор од животна опасност“,соопшти локалната канцеларија на Центарот за управување со кризи.

Причините за пожарот не се познати.

Back to top button
Close