(ВИДЕО) Ѓорѓиевски ќе бил татко за скопјани:Ветените 72 часа не ги бројте од вечерва,од среда,четврток кога ДИК ќе ми го даде манддатот

– Очекувам мандатот да го добијам во среда или четврток, а веднаш потоа започнувам со првата акција што ја ветив пред скопјани – изјави Ѓорѓиевски.
Тој најави и целосна реорганизација на јавните претпријатија, додавајќи дека нема да дозволи административните предизвици да го обесхрабрат.
– Тоа нема да ме обесхрабри, напротив – тоа ме мотивира – порача новиот градоначалник.
Ѓорѓиевски најави и ревизија на досегашното работење на градската администрација, вклучително и на поранешната градоначалничка Данела Арсовска.
– Апсолутно ќе има и ревизија и одговорност, не само за Арсовска, туку за сите кои се огрешиле пред законот – истакна тој.
На крајот, Ѓорѓиевски порача дека ќе биде „татко на градот“ кој ќе се грижи за сите граѓани, без поделби.
– Ќе бидам татко на градот, татко кој ќе се грижи за сите скопјани, без разлика на нивната партиска, етничка или каква било припадност – рече Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски.
Видео: тв21






