(Видео) Орбан го возеше Шварценегер до теретана: „Тој е попознат од мене во мојата земја“
На видеото се гледа како Шварценегер го возат до зградата на унгарската влада, а потоа тој и Орбан пријателски се поздравуваат, разменуваат книги со посвети, а актерот се фотографира на масата во кабинетот на унгарскиот премиер. После тоа одат во теретана, а зад воланот бил самиот Орбан.
„Сега забележаа кој си. Тие не знаат кој сум јас, бидејќи странците те знаат тебе, а не мене. Не знаат ни кој сум јас, но те препознаа тебе – рече Орбан додека автомобилот минуваше покрај туристичкото шеталиште.
Орбан претходно објави фотографија од заеднички тренинг со Шварценегер во фитнес центар во Будимпешта.
„ Го оставив дресот за тренинг дома, но тренерот немаше милост – изјави Орбан на Фејсбук.
Шварценегер го посети истиот фитнес центар во 2018 година на снимањето на „Терминатор: Темна судбина“ во Будимпешта.