ВИДЕО | Ѓоргески: Народот е оној клучен фактор кој никогаш не отстапи од својата црква колку и да беше оспорувана

Вчерашната одлука на Српската православна црква за признавање на Македонската православна црква – ОА за автокефална е историска и значи окончување на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

-Спорот трае 55 години. Тој е еден огромен период во кој се тестираа сите можни решенија. Последниве година-две немавме ниту најави дека ќе случи вакво нешто. Но работела некаква тајна дипломатија, но мислам дека клучниот пресврт се случил во Белград. Мислам дека до вчера не беа многу сменети позициите. Одеднаш се дојде до сознание дека македонскиот народ има право на автокефална црква, она што го бараме сите овие години, изјави во Утрински брифинг новинарот, Бранко Ѓоргески.

-Кои се причините за пресвртот, да оставиме времето да покаже. Наше е да се радуваме, се случува историја. Сакам да укажам и на друга димензија од постапката на Српскиот црковен врв. Ние многу често како новинари зборуваме и за империјалните јурисдикции. Тоа се оние јурисдикции кои во православието сѐ уште ги имаат Руската и Српската православна црква како резултат на распадот на СССР и СФРЈ, додава Ѓоргески.

Како новинар и добар познавач на црковните прашања во православниот свет, Ѓоргески признава дека бил изненаден од потегот на СПЦ.

-Бев меѓу тие Неверни Томи кои не веруваа дека ќе се случи таков пресврт, сепак се случи историја. Народот беше оној клучен фактор кој никогаш не отстапи од својата црква колку и да беше оспорувана. Доделување на томос е круна на овој пат, треба да видиме каков томос ќе добие од Вселенската патријаршија како мајка црква. За секоја црква тој е различен, вели тој.

За натамошните чекори и за доделувањето на томосот, Ѓоргески објаснува:

-Умешноста на нашата црковна диплкоматија тереба да дојде до израз при дефинирањето на тој томос што ќе биде доделен на МПЦ. Ете и томосот на Украинската црква не и дава право да ужива во својата автокефалност. Вселенската патријаршија управува со украинската црква во многу сегменти. Украинската православна црква нема ингеренции врз својата дијаспора. Јас очекувам таквото барање да биде испорачано во однос на нас, вели Ѓоргески.

Во однос на името на МПЦ-ОА, Ѓорѓески вели дека веројатно ќе биде користена двојна формула во комуникацијата со сестринските цркви што пак говори за континуитетот и корените од Охридската Архиепископија.

Back to top button
Close