(ВИДЕО) Османи – Блинкен: Силна поддршка од САД за Северна Македонија на патот кон пристапувањето во ЕУ

Големо задоволство е тука со нас да е министерот за надворешни работи, Османи, добредојдовте во Стејт депаерментот, добредојдовте во Вашингтон. Вие сте најнова членка на НАТО, но истовремено ми е мило што го почнавме овој Стратешки дијалог кој сметам дека само ќе ja продлабочи соработката меѓу Северна Македонија и САД, изјави државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, по вчерашната средба која ја оствари со министерот за надворешни работи Бујар Османи, за време на стратешкиот дијалог меѓу двете земји кој започна вчера.

Блинкен во своето обраќање истакна дека САД сериозно ја цени реформската агенда која се спроведува во Северна Македонија, истакнувајќи дека тие ќе продолжат да даваат поддршка кон евроинтеграцискиот пат на земјата.

„Сакам да кажам и колку ја цениме сериозната реформска агенда што ја спорведува Северна Македонија – за демократија, за енергија, за економски иницијативи. Се ова се важни прашања и ние ги поддржуваме. Подеднакво, силно ја поддржуваме Северна Македонија на патот на пристапување кон ЕУ, многу сакаме да видиме напредок и ќе продолжиме да даваме поддршка на секој можен начин. Секако, имаме многу да разговараме за руската агресија врз Украина. Колку што знам, вие неодамна бевте во Киев токму во деновите кога имав разговор со нашиот колега, Димитро Кулеба, така што сум нетрпелив да размениме мислења. Засега, добредојдовте, добро е што сте тука“ истакна Блинкен.

Османи пак, во својот говор изрази благодарност за можноста да се започне Стратешки дијалог со САД, изразувајќи надеж дека со ова ќе се „отворат нови поглавја во соработката со двете земји“.

„Почитуван Ентони, благодарам за топлото добредојде и за гостопримството, благодарност и за вашиот тим за извонредната организација. Ова за нас е многу значаен ден – стартувањето на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Република Македонија претставува значаен темелник во нашите севкупни билатерални односи. Мислам дека е логичен чекор напред од воспоставувањето на дипломатските односи пред 30 години, формирањето на стратешкото партнерство пред 15 години и фактот што веќе две години сме пратнери во НАТО. Мислам дека овој чекор ќе отвори нови поглавја во соработката, ќе ја врами соработката, ќе внесе динамизам и предвидливост, нешто што е особено важно во овој момент кога нашите вредности се предизвикани. Ние, како земји кои сподеуваат заеднички вредности, мора блиску да се координираме за да се справиме со тие предизвици“ рече Османи.

Шефот на македонската дипломатија се заблагодари и за поддршката на САД во процесот на пристапување на земјата во ЕУ, а потенцираше и дека врвот на соработката меѓу двете земји кулминирал со членството на Северна Македонија во НАТО.

„Благодарни сме за поддршката која САД и ја даваат на Северна Македонија низ годините – политичката поддршка која денеска не донесе дотука, да имаме функционална мултиеничка демократија, единствена од овој тип, која е референца за регионот, но и пример за демократско владеење и демократски институции. Мислам дека врвот на нашата сорабтока беше зачленувањето во НАТО и благодарни сме за поддршката што ни ја пруживте. Зачленувањето беше наша врвна цел и приоритет и изминатите две години се обидуваме нашето членство да претставува додадена вредност, не само за Алијансата, туку и за нашиот регион како една конструктиван членка на НАТО. Исто така, ние сме благодарна за вашата поддршка за ЕУ аспирациите. За нас, клучно е и тоа што и вие го гледате како стратешка цел, но и поддршката за нашето општество да ги исполни неопходните критериуми. Ќе продолжиме заедно да работиме за надминување на последните недоразбирања што ги имаме за да станеме членка на ЕУ и да го поттурнеме напред целиот регион кон евроатланските интеграции. Ви благодарам за вашето денешно гостопримство” нагласи Османи.

Back to top button
Close