(ВИДЕО) Османи-Ескобар: Не смееме да дозволиме враќање на политиките од 90-тите

Благодарни сме од поддршката од Сад. Нема сомнение дека европската перпектива е најстабилната, сега е момент за почнување преговори. Благодарни сме на нивната посветеност кон нашата држава, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес-конференција со заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

 

 

 

 

Заедно со нашите сојузници работиме заедно и посветено за подобра иднина во регионот и не смееме да дозволиме враќање на политиките од 90-тите. На билатерален план фокусирани сме да ја зајакнеме борбатa против тероризмот. Се надевам дека интересот на амeриканските инвеститори ќе продолжува, рече Османи.

Како што вели Османи, Сад играат клучна улога во стабилноста на РСМ, тие биле со нас и не поддржувале во добро и во лошо.

Заедно ја трансформиравме нашата држава и ги подобривме нашите односи со соседите, вели тој.

Северна Македонија треба да има заслужено место на масата на држави членки, порача специјалниот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар .

Се надеваме, ќе најдеме начин да ги продлабочиме нашите веке одлични. Северна Македонија е дел од Европа, културно, историски и економски дел од Европа и треба да имате столче на масата на ЕУ. Во тој поглед ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори да се покаже флексибилност во процесот на европски интеграции, како и продолжување на рефомскиот процес за тоа да стане реалност, рече Ескобар.

Тој изрази благодарност за партнерството на САД со Северна Македонија, посочувајќи дека тоа не е само партнерстство, туку пријателство и сојузништво.

– Ние делиме заеднички вредности кои се во основа на нашата стратегија на споделени вредности. Ја изразувам благодарноста на Северна Македонија за континуираната поддршка и посветеност во НАТО, додаде Ескобар.

Back to top button
Close