(Видео) Османи открива- Од Македонија имало јавувања во Бугарија да не брзаат со решение за спорот, ќе сме имале брзи избори

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг посочи дека лица од Македонија се јавувале во Бугарија со цел да не се реши спорот меѓу земјите.

„Оваа недела од Северна Македонија се јавувале во Република Бугарија кажувајќи дека не потребен е целиот тој ангажман затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение“, посочи Османи.

Тој додаде дека се работи и за луѓе во институции, за кои се смета дека се на иста линија со тие кои ги коментираше бугарскиот премиер Кирил Петков.

Министерот одби каже кои се тие лица, но откри дека се работи за вработени во државни институции, а делумно и за членови на политички партии.

– Се јавиле луѓе од партии и од институции со цел да ја запрат интеграцијата на земјава во ЕУ. И во Бугарија и во Македонија има прокси групи на трети земји кои го минираат преговарачкиот процес – истакна Османи.

Претходно, Османи посочи дека имало обиди Западниот Балкан да не се движи со соодветна динамика кон Европската Унија и тоа преку „прокси“ играчи. Инаку, во текот на вчерашниот ден бугарскиот премиер Кирил Петков истакна дека двајца вработени во Државната агенција за национална безбедност на Бугарија работеле за Македонија да нема европска иднина.

Тој додаде дека е задоволен што агенцијата сама се справила со проблемот и двете лица веќе нема да работат по ова прашање.

„Лицата кои беа поврзани со овој скандал, станува збор за руски интереси кои работеле во една специфична насока, а тоа е Западен Балкан да немаат европска иднина и нашите односи меѓу Република Северна Македонија и Бугарија да не се толку пријателски колку едни добри соседи сакаат да имаат такви односи. Од таа гледна точка тоа за мене е многу важно да се знае дека јавно имаме руска интервенција во Бугарија специфично за Западен Балкан и Северна Македонија“, вели Кирил Петков.

Back to top button
Close