ВИДЕО: Оставка поднесе министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска

Како главна причина за оставката се наведуваат наводни разговори на премиерот Кирил Петков со европски партнери како да се заобиколи ветото за Македонија

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска пред БТВ изјави дека денеска до Собранието ќе ја депонира оставката.

Како главна причина за оставката се наведуваат наводни разговори на премиерот Кирил Петков со европски партнери како да се заобиколи ветото за Македонија

На овие средби како што вели таа Петков со европски лидери разговарал како да се заобиколи бугарското вето за Република Северна Македонија.

„Министерството за надворешни работи е совршена институција. По секоја средба има стенограми. Тие според содржината имаат различна класификација и по потреба може да се покажат“, рече Генчовска.

 

Back to top button
Close