(ВИДЕО) Откриена причината како дошло до уривање на мостот:„Изгубивме контрола на бродот“

Контејнерскиот брод „Дали“, кој предизвика уривање на голем мост во Балтимор, изгубил струја додека го напуштал пристаништето, се наведува во извештајот на Агенцијата за кибернетска и инфраструктурна безбедност.

 

Екипажот на бродот ги известил властите за можен судир, соопшти ABC News, која го видела извештајот.

„Бродот го извести Министерството за транспорт дека е изгубена контролата над бродот и дека е можен судир со мостот“, се наведува во извештајот.

Мостот Ки се урна рано утринава по локално време, откако во него удри товарен брод. Навигацијата е прекината во таа област. Во тек е активна мисија за пребарување и спасување на околу 20 лица за кои се верува дека паднале во вода.

Секретарот за транспорт на Мериленд, Пол Видефелд, рече дека градежни работници биле на мостот и правеле поправки во моментот на уривањето.

Како што пренесоа американските медиуми, во вода паднале и автомобили

Back to top button
Close