(Видео) Откриено што се случувало пред Дарко Лазиќ да се удри во автобусот

Српскиот фолк-пејач Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина синоќа, околу еден часот по полноќ, доживеаја тешка сообраќајна несреќа во близина на исклучокот за Арената во Белград. По налог на обвинител од Третото основно обвинителство, на пејачот му била земена крв и урина за анализа.

Според неофицијални информации од извори блиски до семејството, несреќата се случила по расправија меѓу брачната двојка. Наводно, Лазиќ по расправијата со сопругата силно забрзал, се обидел да престигне и со возилото удрил во автобус. Од ударот пејачот добил тешки повреди на главата, за кои биле потребни дури 24 копчиња, додека Катарина завршила во Земунската болница со повреда на раката и исекотини.

Причината за кавгата, како што пренесуваат српските медиуми, била тоа што Лазиќ наводно консумирал алкохол за време на промоција на која присуствувале. Напнатата атмосфера продолжила и по настанот, па пејачот бесен седнал зад воланот.

Back to top button
Close