(ВИДЕО) Парада на гордоста во Будимпешта, Орбан не отстапува – не ми требаат пари од ЕУ, ако бараат да го сменам законот
Во исто време унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на неговата држава не и се потребни средства од посебниот фонд на ЕУ за помош во отстранувањето на последиците од пандемијата, доколку Будимпешта за тоа биде условена со повлекување на контроверзното законско решение за правата на децата.
Тој смета дека прашања како она за правата на ЛГБТИК заедницата се внатрешни прашање на националните влади и најавува референдум за новиот закон, за кој тврди дека не е насочен против ничии права, туку има цел да ги заштити унгарските деца.
Унгарскиот премиер е на власт од 2010 година. Постојано ја радикализира политичката агенда претставувајќи ја како борба за зачувување на традиционалните христијански вредности од западниот либерализам.

Европската комисија покрена правна постапка против новиот унгарски закон за заштита на децата оценувајќи го како дискриминаторски и спротивен на европските вредности, на толеранцијата и на индивидуалните слободи. Официјален Брисел се закани дека поради таквото однесување Унгарија се соочува со санкции, односно со блокирање на средствата наменети за справување со последиците од пандемијата