(ВИДЕО) Павловска: Анкетната комисија е циркус, пратениците покажаа нула емоција и индиферентност

Првите впечатоци се дека оваа анкетната комисија нема да донесе кон спроведување на правдата којашто овие родители ја бараат, бидејќи видовме голема несериозност, незаинтересираност од страна на пратениците. Ни личеше како само како уште една бирократија, уште една процедура која што мора да се помине за јавноста да биде среќна. Но јавноста нема да биде среќна, бидејќи нема да излезе правда од оваа комисија“, изјави за магазинот „Трилинг“ Анастасиа Павловска од иницијативата „Кој е Следен“, говорејќи за првите впечатоци од анкетната комисија на која родителите на жртвите се соочија со пратениците.

 

„На државниот врв му беше побитно да се појават за да бидат видени од јавноста дека се присутни на таа анкетна комисија, но не им беше битно да ги слушаат родителите и навистина да размислат длабоко во себе и да си ја најдат човечноста за да можат навистина да сочувствуваат со родителите, а и понатаму да дејствуваат за да има политичка одговорност за оваа трагедија“, вели Павловска.

 

Прашана дали политичките елити ја пропуштија оваа шанса да им подадат искрена рака на родителите на загинатите, Павловска вели дека шансата е пропуштена уште пред девет месеци.

 

„Навистина е срамота родителите да чекаат девет месеци за да имаа средба лице влице со сите овие политичари. Особено претставничката од ВМРО којашто се обрати и ги повика во нејзиниот кабинет да се соберат, како и срамното барање за пауза, вели Павловска.

 

„Владееше индиферентноста, бесрамноста, бесчуствителноста кон родителите. Десно од мене седеа претставници од сите политички структури – имаше нула емоција. Особено што знаеме дека дел од тие политичари се обвинети од јавноста и за други трагедии – за модуларната, за Беса транс и тн. Јас не знам како тие луѓе можат да останат рамнодушни на се што им беше кажано од страна на родителите“, цени Павловска и додава дека парите, моќта, корупцијата којашто владее им влијае каква човечност покажуваат.

 

„Секој политичар мора да сноси морална и политичка одговорност кога во негово владение се случува ваква огромна трагедија, којашто е резултат на институционални пропусти“, вели Павловска за побараната оставка од премиерот Мицкоски.

 

„Мислам дека како народ заборавивме дека имаме должност да се бориме, нашите политичари, нашите народни избраници да бидат морални и да се придржуваат кон етичките вредности коишто ние како нормални луѓе си ги практикуваме. Но еве гледаме дека во највисоката власт во оваа држава тие вредности не постојат“, потенцира Павловска.

 

„Седницата на анкетната комисија започна со препукувања. Излагањата на сите претставници од политичките партии беа политички говори, не беа насочени кон темата за којашто бевме собрани, односно барањата на родителите – имаше спомнување на етникум, на промена на јазикот и се изгуби фокусот. Ние коишто бевме дојдени како гости, набљудувачи не ни беше јасно за што е оваа анкетна комисија. Беше еден хаос, еден циркус кој јас нема да можам да го заборавам. Каде и да одам ќе зборувам за ова, бидејќи беше шокирачки за мене како оние личности кои ние ги сметаме за највисоката власт, оние коишто треба да не заштитуваат нас, се однесуваат на едно толку, толку ниско ниво. Немаа храброст ниту да ги погледнат родителите на загинатите. Тоа значи дека не им е чиста совеста.

 

-По завршувањето на седницата госпоѓата Иванка си зема за право да не тргне на страна нас од иницијативата „Кој е следен“ и да проба да ни се објасни зошто она заземала таков став, но паралелно додека зборуваше, повторно си ја инкриминираше сопствената партија, бидејќи викаше – јас не можам да одговарам за овој за оној, ние како партија може да побараме они да одговараат пред конгрес, пред, но сепак ние мора да покажеме дека сме заедно во едно вакво време. И кога некој директно ќе ти каже вакво нешто, јасно ти е колку е часот во оваа држава. Политичките структури ќе си се заштитуваат меѓусебно и ние не веруваме во опозиција и позиција. Веруваме дека они сите заедно работат против народот, вели Павловска.

 

„Мислам дека наративот којшто го буткаат е навистина мрачен. Повторно ќе ја именувам госпоѓата Иванка која ни рече – ете прашајте ги колку пари сакаат.

 

-Кога одиме од таков момент, од таква мисла дека родителите ги бараат тие пари, а нормално е дека тие ќе бараат одредена финансиска помош како што имало и за претходните трагедии, но навистина навредливо е и кога премиерот ќе изјави – колку чини животот на твоето дете, со што повторно се врти наративот дека родителите ја бараат правдата само за да видат пари.

 

-Тоа не е вистина.

 

-Родителите ја бараат правдата бидејќи они немаат за што друго да живеат освен да се изборат за правда за децата коишто ги изгубија“, вели Павловска.

 

 

 

Back to top button
Close