(ВИДЕО) Павловска: Боли затоа што некој бара да ја голтнеме оваа неправда како да е нормално

„Боли индиферентноста на сите овие институции и на сите оние кои не излегоа тука со нас. Боли затоа што институциите заминаа на одмор веднаш по трагедијата а после тоа си влегоа во кампања“, порача на Маршот на ангелите, Анастасија Павловска од иницијативата „Кој е следен“.

Таа на кратко ја загуби свеста понесена од емоциите додека зборуваше, но родителите на загинатите не дозволија да падне и да се повреди.

„Боли тоа што некој дозволил да помисли и да каже дека ова ќе се заборави, боли затоа што некој бара да ја голтнеме оваа неправда како да е нормално.

Ова не е нормално и нема да го прифатиме. Секое одење во Кочани претставува одновно и одново раѓање на болката во градите гледајќи ги овие прекрасни родители што стојат тука пред нас.

Затоа сум јас тука, не поради политика туку поради совест, не поради идеологија туку поради човечност, поради љубов кон својата земја која заслкужува подобро. Овие родители заслужуваат подобро и затоа за правда нема да молиме, за правда ќе се бориме“, рече 23-годишната Павловска

Повеќе

Back to top button
Close