(ВИДЕО) Пендаровски: Амбасадорот Хоп е во право, Судскиот совет се избрука

Претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека целокупната постава на актуелниот Судски совет прилично, како што изјави денеска, „се избрука“ во очите на македонската јавност.

-Мислам дека проблемот со Судскиот совет е многу поголем отколку тие двајца кои по мој предлог ги избра Собранието, јас тука бев само предлагач. За жал, целокупната постава на овој Судски совет прилично се избрука во очите на македонската јавност, рече Пендаровски на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали размислува да ги повика членовите кои тој ги предложи да поднесат оставка од морални причини.

Коментирајќи го ставот на холандскиот амбасадор Дирк Јан Хоп за тоа дека Судскиот совет е нелигитимно тело и кој стави во мирување проект од Холандија поврзан со Судскиот совет, Пендаровски рече дека е сосема коректна изјавата на амбасадорот, потенцирајќи дека би сакал да види и други амбасади во Скопје да ги повлечат своите проекти и пари кои ги даваат на невладини кои работат со, како што кажа, европски пари против Европа.

-Во таа насока, мислам дека е сосема коректна изјавата на холандскиот амбасадор да повлечат еден проект кој имаа намера да го спроведуваат со членовите на Судскиот совет. Би сакал да видам, не само од холандската Амбасада, туку и од неколку други амбасади во Скопје да ги повлечат своите проекти и парите кои ги даваат не само на Судскиот совет туку и на неколку НВО и медиуми кои очигледно сите овие години наназад работат со европски пари, а против Европа, изјави Пендаровски.

Амбасадорот Коп вчера во неделното интервју за Радио Слободна Европа соопшти дека Холандија ставила во мирување проект поврзан со Судскиот совет, кој, како што рече, стана нелегитимно тело.

Back to top button
Close