(Видео) Пендаровски: Ни на крај памет не ми паѓа да го амнестирам Груевски
Новиот циклус на емисијата „Трилинг“ ја започнува од Вила Водно, а наш прв гостин е претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Со претседателот дискутираме на актуелните политички прашања, а неспорно првата тема беше кривичниот законик. Зошто токму сега се донесе ваков закон, коинциденција или не? Ова е прашањето кое новинарот Горазд Чомовски го упати кон претседателот Пендаровски.
Претседателот вели дека не се работи за неказнивост и објаснува детално за што станува збор.
Не станува збор за таргетирање на делата кои произлегуваат од прислушкувањето. Можеби сакавте да кажете дека имаат врска со СЈО некогашно. Не станува збор за неказнивост. Ако зборуваме за клучниот став кој е модификуван во 353 „злоупотреба на службена положба“. Во 4 од 5 става досега имаше пропишано казни, а и понатаму пропишано казни. Неказнивост е ако се брише, тоа се декриминализира. Се вели: „По тој и тој член никој веќе нема да одговора, тој член нема да постои“. Значи наместо 10 една запретена казна е сега 5 години, наместо 5 сега е 4 години, значи не станува збор за неказнивост. Петтиот став кој е избришан бидејќи беше прилично широко поставен и досега имаме исклучително мал број докажани случаи, петтиот став досега бараше две работи да се докажат: прво дека си ја злоупотребил положбата функционер, политичар со тоа што си прибавил имотна корист за себе и со тоа си го оштетил буџетот или трета страна. Досега никој не докажа дали си ги примил парите, започнува Пендаровски и додава дека затоа е формирана работна група со експтерти од надвор од кривичната сфера.
Пендаровски вели дека со овие измени се олеснува таканаречената „конфискација на имотот“.
На прашањето „Зошто си избра овој тајминг и зошто вака експресно се донесе овој закон“ претседателот вели дека го потпишал указот само затоа што му е донесено на маса како текст на законот. Тој објаснува дека го потпишал само текстот на законот и се ослонува на аргументите од професорот Калајџиев. „Дајте да се концентрираме на конфискацијата“, вели Пендаровски цитирајќи го Калајџиев.
Не ги знам мотивите зошто токму сега се носат измените во Кривичниот законик, вели Пендаровски.
Пендаровски се осврна и на поранешниот премиер. Вели дека Груевски не е магионичар да најде 10 пратеници и додава дека со овие измени во Кривичниот законик тој не може да се врати во Скопје.