ВИДЕО „Петре изгуби, ајде сега мрш“. Газдата на галијата што се руши ги избрка работниците

На социјалните мрежи се шири видео снимка од денешниот инцидент во галијата која екс-градоначалникот Шилегов започна да ја руши.

Додека двајца мајстори утрово работеа на демонтирање на галијата се појавува човек кој се претставува како газда и со повишен тон им вика „Петре изгуби, нема судска пресуда, кој ве прати вас, кој ви е газда,одма соберете се и да си одите. Сте ми направиле еденипол милион штета, ајде одете си, да не ве видам тука  – вели човекот кој се преставува како газда, а според написите во медиумите галијата е на име на бугарски бизнисмен.

Шпекулациите се дека вистинскиот газда е сопственик на друг ресторан во Скопје и дека само на харија галијата е на странско лице. Двајцата работници соочени со агресивноста и заканите од човекот кој им се престави дека е вистинскиот газда, не успеаја ни телефонски да го прашаат нивниот претпоставен што да прават. На снимката се слуша како по вулгарните закани се приморани да ја напуштат галијата. Од град Скопје и од новата градоначалничка Данела Арсовска засега нема реакција за инцидентот.

Back to top button
Close