(ВИДЕО) Петрушевски: ЈО да не молчи, истрага за следењето и прислушкувањето веднаш

„ЈО да не молчи, истрага за следењето и прислушкувањето веднаш, и одговорност за извршителите и наредбодавачите. ЈО на Љупчо Коцевски молчи со денови откако се обзнани скандалозно следење на службите на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Тој прашува „Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките? Дали молчи затоа што знаел се?“.

„СДС ги вплетка службите и ЈО во своја шема за опстанок на власт. 5 години следеле се што мислеле дека го загрозува нивниот опстанок на власт. Одговорност за случајот мора да има. ЈО и Љупчо Коцевски да не молчат, туку да почнат да даваат одговори“ рече Петрушевски.

Back to top button
Close