(ВИДЕО) Петте правила за среќен живот на Хелен Мирен

Хелен Мирен (актерка, Дама од Редот на Британската империја, и феминистичка суперхероина) пред неколку години зборуваше на Универзитетот Тулан во Њу Орлеанс, САД. Како и секогаш, се потпре на сета своја топлина, духовитост и мудрост и го задржа вниманието на студентите до последниот збор.

 

А првото правило на Мирен?

Не брзајте да се омажите.

„Се омажив со Тејлор многу подоцна во мојот живот и се покажа одлично“ кажа таа.

„И секогаш давајте му на вашиот партнер слобода и поддршка за да ги постигне своите амбиции.

Нејзиното второ правило за среќен живот, повторно, е генијално во својата едноставност: „Однесувајте се кон луѓето како кон луѓе“. 

„Одамна, многу одамна, една моја пријателка актерка го направи наједноставното нешто што ме научи на важна лекција. Бевме на задното седиште од автомобил што го возеа до локацијата каде што снимавме, а таа пушач, во праисториските денови кога можеше да пушиш во кола, ги извади цигарите и пред да запали, му понуди цигара на возачот.

Толку едноставно, но знаете? Толку промислено. За неа, тој не беше „возач“, туку „личност“ која во моментот можеби сака да запали цигара. Тоа е лекција што никогаш не ја заборавив и благодарна сум и на мојата пријателка до ден-денес.

„Значи, запомнете дека секоја личност, без разлика дали е важна во вашиот живот или не, заслужува еднаква почит и великодушност“.

Третото правило: „Без разлика од кој пол сте или раса, бидете феминист/ка“.

„Во секоја земја и култура што ги посетив, од Шведска до Уганда, од Сингапур до Мали, јасно е дека кога жените добиваат почит, ресурси и слобода да ги остварат своите лични соништа и амбиции, животот се подобрува за сите.

Мирен продолжи: „До неодамна не се дефинирав себеси како феминистка, но отсекогаш живеев како феминистка и верував во очигледното: дека жените се способни, енергични и инспиративни како и мажите“. Но, да се приклучам на движење наречено феминизам ми се чинеше премногу дидактички, премногу политичко.

„Сепак, сфатив дека феминизмот не е апстрактна идеја, туку неопходност ако ние – и навистина со „ние“, мислам и на вас момци – сакаме да се придвижиме напред, а не назад во незнаење и страшна љубомора. Па сега, јас сум декларирана феминистка и би ве охрабрила да бидете истото“.

Со лута насмевка потоа додаде: „О, и додаток на додатокот – никогаш повеќе не дозволувајте група стари, богати бели мажи да одлучуваат за здравствената заштита на земјата во која 50,8% се жени и 37% припадници на други раси“.

Сфаќајќи дека, можеби станува експлицитно политична, Мирен се врати на своето трето правило за среќен живот: Не судете!

„Игнорирајте го секој кој го оценува вашиот изглед, особено ако тој или таа е некој анонимен кој демне на Интернет“, рече таа. „И ако вие сте таа личност која демне на Интернет – СТОП, само прекинете, излезете надвор и направете нешто“.

Правило број 4: Треба да научиме да не дозволуваме да бидеме управувани од нашите стравови.

„Во моментите кога ви се појавуваат стравови како „Дали сум доволно добар?“ „Дали сум доволно паметен?“ „Дали ќе успеам?“ – офрлете ја претпазливоста, погледнете го стравот, директно и веднаш, во неговото грдо лице и само напред.

„И кога ќе поминете покрај него, свртете се и зададете му добар удар по задникот“.

Петтото и последно правило на Мирен за среќен живот е да престанеме да комплицираме премногу сè што правиме во животот.

Мирен раскажа и за својата тетоважа кога ја направила во 70-тите години “кога се тетовира само затвореници и морнари” нашла утеха и инспирација во фразата на Маите што ја открила: „во Лакеш“.

„Во Ла’Кеш“, објаснува таа, значи „Ти си моето друго јас. Ние сме едно. Јас самата сум твојата другост“.

Со други зборови тоа значо, „Сите сме во ова заедно“, објаснува Мирен. „Запомнете го тоа, за да можете да направите малку смисла и да го поправите овој луд, луд свет.

 

Back to top button
Close