(ВИДЕО) Пијан возач со автомобил проби ѕид и влезе во соба на куќа на улица „Јордан Џурнов“ во Велес

На улица „Јордан Џурнов“ во Велес, вчеравечер, патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, удри во ѕид од куќа, го проби и им влезе во соба на сопствениците. Возачот Е.В.(23) од Радовиш избегал од местото на сообраќајната незгода. Возачот бил пијан и немал дозвола за возење на автомобил. Нема повредени членови на семејството туку причинета е голема материјална штета. Случката е пријавена во полиција, пишува Дума.
„На 23.07.2025 година, во 19:55 часот на улица „Јордан Џурнов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Е.В.(23) од Радовиш.  По преземени мерки, возачот и возилото биле пронајдени, при што било констатирано дека Е.В бил под дејство на алкохол, односно имал 1,92 промили алкохол во крвта, а возилото го управувал пред да се стекне со право на управување со моторно возило. Е.В. бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

 

Ова е најсериозна случка на улицата „Јордан Џурнов“, која се спушта од црква „Свети Спас“ до Градски пазар во Велес, велат жители во овој дел на Велес коишто со месеци бараат поголемо полициско присуство за да се намалат опасностите по нивните животи откако тврдат дека нерегистрирани крш автомобили се спуштаат по удолницата на бандажи, наместо на гуми, или се откачува товарена приколка којашто ја влече возило и удира во деловен простор во сопственост на Епархија Повардарски. Според овие Велешани ризично е движењето по улицата особено за нивните деца, кои одамна не ги пуштаат сами и се организираат да имаат придружба од возрасни. Тие тврдат дека до денеска нема одговор на нивните барања за воведување на сообраќаен ред и контроли од страна на сообраќајна полиција

 

Back to top button
Close