(Видео) По две години попуштаат потпорните зидови и асфалтот за кој од касата на Кавадарци се платени 22 милиони денари
Новопробиената улица за која општина Кавадарци платила 22 милиони денари за пробививање и за изградба на потпорни зидови и поставување на фекална и атмосферска каналиизација и водоводна мрежа издржа само две години. Жители на овој дел од Кавадарци се загрижени дека потпорните зидови попуштаат и се пред уривање а асфалтот и целата улица се свлекуваат. Засега инвеститорот општината Кавадарци не реагираат.
Увид при градбата во мај 2023 направиле градоначалникот Митко Јанчев и премиерот Христијан Мицковски а истата во употреба е пуштена во декември истата година. Две година подоцна истата пропаѓа и е опасност за граѓаните кои ја користат
Видеото на следниот линк
https://www.facebook.com/share/p/1HgN1REocn/