ВИДЕО: По земјотресот на Камчатка, први цунами бранови на Хаваи и на Алјаска

На повеќе од 1,9 милиони луѓе низ Јапонија им е кажано да заминат на побезбедно место бидејќи цунами погоди делови од брегот, а сообраќајот е во прекин низ целата земја – иако брановите остануваат многу помали од претходно предвиденото.

 

Агенцијата за управување со пожари и катастрофи издаде наредби за локална евакуација што засега 1.905.596 луѓе во 21 префектура, а најголемиот број евакуирани лица доаѓаат од префектурите Хокаидо, Канагава и Вакајама.

Првите бранови го погодија најсеверниот остров Хокаидо во Јапонија, каде што видеото објавено од Ројтерс и Нипон њуз нетворк покажа луѓе кои се засолнуваат на покривите. Сирени за цунами се слушнаа во делови од островот утрово.

Цунами бранови високи околу 30 до 50 сантиметри се регистрираат по должината на источниот брег, постепено приближувајќи се кон метрополитенската област на Токио, според податоците од Јапонската метеоролошка агенција. Сепак, станува збор за многу помали бранови во споредба со првичната прогноза од три метри, иако ова би можело да се промени и да следат нови бранови.

Транспортот е исто така во прекин, а Меѓународниот аеродром Сендај – на брегот на Пацификот северно од Токио – ја затвори својата писта. Фериботите што сообраќаат од Хокаидо, Аомори и Токискиот Залив се исто така суспендирани.

Моментално нема проблеми во нуклеарната централа Фукушима, која се наоѓа веднаш под Сендаи, каде што катастрофалниот земјотрес и цунамито во 2011 година предизвикаа сериозна нуклеарна несреќа.

Државната компанија за електрична енергија во Токио (ТЕПКО), која ја надгледува централата, соопшти дека ги евакуирала сите вработени на повисоки места, без пријавени повреди или абнормалности во централата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close