Видео: Починати лица во избирачкиот список во Чаир!
Ако во Кичево не можат да гласаат живите, во Чаир, според видеото објавено од Порталикс, право на глас имаат и починатите. Во избирачкиот список на избирачкото место во основното училиште „Иднина“, се појавуваат имиња на лица кои, како што тврдат нивните семејства, починале пред две години.
Роднините на починатите велат дека се шокирани кога ги виделе нивните имиња на списокот и бараат институциите итно да го истражат случајот. Според нив, ова претставува сериозен пропуст во ажурирањето на избирачките списоци, кој може да влијае врз легитимноста на изборниот процес.
Од надлежните институции засега нема официјална реакција по овие наводи.