(ВИДЕО) Почна чистењето на дивата депонија Визбегово, голема колку 10 фудбалски игралишта – институциите не знаат колку такви има во земјава
Зафаќа простор од околу 10 фудбалски игралишта и претставува повеќедеценски проблем за трите гранични опптини Бутел, Визбегово и Шуто Оризари.
Нуредини тврди дека има план за решавање на проблемот со дивите депонии во соработка со локалните самоуправи.
„Имаме соработка со Швајцарската амбасада за депонијата Русино. Работиме во Северниот и Североисточниот регион, имаме активности и на тој план, 39 камиони се веќе испорачани. И во југоистокот и во југозападот имаме активности во насока на креирање централен систем за отпад“,
посочи Нуредини.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, нагласи дека Градот ќе го засили инспекцискиот надзор, а ќе се бараат и законски измени за да има поголеми казни.
„Барањето на Градот до Министерството за правда, меѓудругото, е и во измените од кривичниот законик кои следуваат, кај луѓето кои се затекнати да прават дива депонија, да бидат одземани како средства со кои е извршено кривичното дело и камионите кои ги имаме видено на определени места дека тоа го прават. Ако влеземе во една построга казнена политика со перманентен надзор на надлежните органи, тоа е инспекциските служби општински, Државниот инспекторат каде што веќе воспоставуваме нова поквалитетна соработка, но и МВР, ќе успееме да спречиме создавање на вакви точки,
рече Шилегов.
Тој рече дека битката со малите депонии секојдневна и е дел од редовното работење на јавните градските претпријатија.
„Останува Вардариште како фундаментален проблем, можеби и државен кога се депониите во прашање, односно санацијата на Вардариште како поранешна депонија на градот Скопје, така што ние досега имаме вкупно расчистено некаде по пресметките што ги има направено Комунална хигиена, околу 130 илјади кубни метри отпад од различен вид и карактер кој не е оној редовен комунален отпад“,
посочи Шилегов.