ВИДЕО: Погледнете како утрово беше пречекан Јован Костадинов кој спаси 20 деца во Кочани

Аплаузи, солзи, за детето со кој неговиот подвиг да спасува деца, кое свесно го ризикуваше сопствениот живот за да спаси други!

Дека Јован Костадинов, конечно се врати дома, објави денеска на Фејсбук и министерот за здравство Арбен Таравари.

„Постојат моменти кога зборовите не се доволни, а ова е еден од нив. Како да се опише душа толку храбра и несебична, која во мигови на паника и опасност не помисли на себе, туку само на другите? Јован, кој има само 21 година, постапил како вистински херој. Влегувал повторно и повторно, не еднаш, не двапати, туку повеќе од 20 пати, за да им помогне на оние што биле заробени во пламените. Го ризикуваше сопствениот живот за да спаси други. Неговото тело ги носи лузните од неговото јунаштво, но неговото срце носи нешто далеку поголемо: почитта, восхитот и љубовта на цела нација“,напиша Таравари

Во продолжение погледнете го видеото  на Angels FM 106.4

Back to top button
Close