Видео: Полицијата ги потисна демонстрантите од пред Собрание

 

ПPолицијата им се спротивстави на дел од демонстрантите кои претходно ја урнаа оградата пред Собрание и фрлаа со предмети кон полицијата и кон собраниската зграда.

Полицискиот кордон кон стоеше непосредно пред зградата на Парламентот ги потисна демонстрантите и се распореди на работ од улицата која поминува пред Собрание, а оттаму ги потисна демонстрантите кон паркот Жена борец. Демонстрантите и понатаму фрлаат со предмети кон полицајците. Има повредени полицајци, пред Собранието дојде амбулантно возило. Најмалку 4 од демонстрантите се приведени,

Четврти ден по ред има протести против францускиот предлог за укинување на бугарското вето и почеток на преговорите со ЕУ.

Денешниот протест започна пред Владата, продолжи пред МНР, па до Собрание. Кога стигнаа пред Парламентот беше интонирана националната химна и луѓе се обидоа да одржат говори, но дел од насобраната маса почна да вика дека – Ова не е митинг, по што почнаа да ја уриваат оградата. Тие бараат оставка од владата.

Back to top button
Close