(ВИДЕО) Полицијата го уапси лицето кое ги запали возилата на ЕВН во Тетово

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени локации во градот, а сторителот е фатен, потврдуваат од МВР за „А1он“.

Digjen veturat e EVN-së në Tetovë

Tv Koha – Tetovë 发布于 2020年8月13日周四

“Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција, пожарите се локализирани и изгаснати”, изјави Ука Алити, командант на Тетовската територијална противпожарна единица. Увид на местата на опожарените возила изврши тетовската полиција.

“На улица ‘Ленин’ во врска кривично дело предизвикување на општа опасност од слобода е лишено лицето К. О (43) од Тетово. Истиот е задржан во полициска станица за натамошна постапка”, велат од МВР за “А1он”.

видео. Коха – Тетово

Back to top button
Close