(ВИДЕО) „Полиграф“: Како лажно видео од жртва на убиство во Косово стана вирално на фејсбук?

На социјалните мрежи често се објавуваат дезинформации кои злоупотребуваат дури и големи трагедии за да постигнат поголемо влијание во јавноста. Покрај дезинформациите за двете убиства во земјава, таков е случајот и со убиството на Лиридона Адемај – Мурсели што се случи неодамна во Косово.

На 03.12.2023 година, Фејсбук страницата „Розарија“ објави видео на кое се гледа Лиридона Адемај-Мурсели, убиена на 29.11.2023 година во Приштина, како наводно зборува и дава порака по нејзината смрт. Ова видео на Фејсбук за 10 дена достигна над 1 милион прегледи, 42.000 реакции, 4.900 споделувања и речиси 6.500 коментари.ија е искористена за правење видео преку вештачка интелигенција (АИ)“, се вели во рецензијата објавена од проверувачите на факти на „Калѕо.ком“.

Ова лажно и неетичко вирално видео, покажува дека публиката треба да биде многу внимателна со вакви објави на социјалните мрежи, кои го злоупотребуваат големиот интерес при трагични настани само за да го зголемат нивното влијание и читаност. Затоа, при вакви трагедии, публиката треба да се потпира на информации објавени од професионални медиуми, кои се потврдени од веродостојни извори.

Но, се работи за лажно видео, кое е произведено преку програми на вештачка интелигенција. Токму затоа, како и поради големото влијание што го имаше, видеото е означено како лажна информација од страна на Фејсбук, со објаснување дека видеото е побиено од независните проверувачи на факти од порталот „Калѕо.ком“.

Што констатираа проверувачите на факти од овој портал? Преку веб-страницата за откривање на потеклото на фотографиите „Tineye“, тие откриле дека  „фотографијата на Лиридона Адемај -Мурсели е за првпат е објавена на порталот „Телеграфи“. Фотографијата е објавена по нејзиното убиство на 29 ноември 2023 година. Истата фотографија е искористена за правење видео преку вештачка интелигенција (АИ)“, се вели во рецензијата објавена од проверувачите на факти на „Калѕо.ком“.

Ова лажно и неетичко вирално видео, покажува дека публиката треба да биде многу внимателна со вакви објави на социјалните мрежи, кои го злоупотребуваат големиот интерес при трагични настани само за да го зголемат нивното влијание и читаност. Затоа, при вакви трагедии, публиката треба да се потпира на информации објавени од професионални медиуми, кои се потврдени од веродостојни извори. 

извор: СМК

Back to top button
Close