(ВИДЕО) „Политиканти“ на „Слободен печат“, Европа гласа: И Македонија под руска пропаганда, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се огради?

Борјан Јовановски е во Подгорица за да направи подолго интервју со поранешниот претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ. Но, тоа интервју не се однесува на актуелни теми – иако во Црна Гора има многу работи за кои е интересно да се зборува – туку поводот е документариот филм што заедно со Игор Ивановски Изи, Борјан го снима за нашиот претседател Киро Глигоров.

Борјан вели дека Ѓукановиќ рекол дека навистина му е чест и задоволство да каже што мисли и што знае за улогата на Киро Глигоров во осамостојувањето на Македонија, но и пошироко, за неговата улога во обидите да се спречи крвавата војна во поранешна Југославија.

Освен тоа, се разговарало и за атентатот врз Глигоров, но, како што вели Сашо Орданоски во Политиканти.мк, Ѓукановиќ е премногу долго во политиката па освен што долго памети тешко дека тоа што го знае туку-така би го споделил со јавноста.

Од актуелностите во Црна Гора се издвојува провокативната посета на Милорад Додик. Во кое својство беше Додик во Црна Гора? Како Русија се обиде со заговор да го спречи влезот на Црна Гора во НАТО и насилно да ја урне власта? Како е можно на Балканот, па и во Македонија, оние кои насилно се обидуваат да ја урнат власта, потоа и самите да станат власт?

За рускиот свет и српскиот свет, за шпионите и црните листи, за Балканот на пресвртница и Балканот како отворено поле за Русија политички да се пресметува со НАТО и ЕУ, погледајте во најновиот подкаст Политиканти.

На домашен терен имаме седум претседателски кандидати, од кои шестмина десничари. Што ќе кажат новите анкети? Колкаво е влијанието на руските служби врз нашите и европските избори? Дали опозицијата со ВМРО-ДПМНЕ на чело ќе се огради од ставовите на рускиот Тројански коњ во ЕУ, Виктор Орбан? Всушност, и Пендаровски и Силјановска се истите од пред пет години, ако тие не се промениле зошто би се променил резултатот од изборите?

За ова и многу повеќе во новото издание на подкастот „Политиканти.мк“ на Слободен печат.

Back to top button
Close