(Видео) Поплавен пазар во Битола: „Одличен пример за скандинавско езеро
Советниците од Општина Битола, Габриела Илиевска и Иван Чулакоски споделија кратко видео од влезот во новиот Градски пазар во Битола кој плива во вода.
„По реакција на граѓани, вторник ден пазарен се обидовме да одиме во Градскиот пазар во Битола, тој е одличен пример за скандинавско езеро, но како што можевте да видите тој тоне како што тоне и Битола.
Тоалетите внатре смрдат, не се исчистени и се вистинска зараза во 21 век. Скандинавска Битола“, порачаа Чулакоски и Илиевска.