Видео: Поплавени десет објекти по невремето во Кавадарци

Поплавени се 10 објекти, најмногу подруми по синоќешните врнежи на територија на општина Кавадарци.

– Од синоќа се излезени екипи на ЈП „Комуналец” со механизација од три скипови, два камиона, три трактори и 20 работници. Се расчистува наносот, наталожените решетки и сливници и со три цистерни се перат улиците од калта. Исто со свои екипи учествуваат и ТППЕ Кавадарци, кои помагаат во перењето на улиците и испумпувањето на водата од поплавените простории, изјавија за МИА од јавното претпријатие „Комуналец“

Градоначалникот на општината, Митко Јанчев, синоќа информираше дека општинските екипи излегле на терен за да ги расчистуваат последиците од невремето. -Службите на Ј.П. Комуналец Кавадарци и покрај интензивното невреме од дожд кое го зафати Кавадарци, работат на чистење на патот во Катуниште, Бошавијата, Моклиште, Глишиќ и многу други локации во Тиквешијата на кои постои опасност од одрони, објави Јанчев.

Силно невреме вчера имаше и во Прилеп и Љубаниште.

 

Back to top button
Close