ВИДЕО | Поповски: На прашањето со Македонија допрва ќе паѓаат бугарски влади

Бугарскиот премиер Кирил Петков сега ги повторува сите стари и познати ставови на Бугарија поради кои се блокирани и нашите евроинтеграции.

-Мислам дека посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц на Албанија и Србија беше поинтересна отколку посетата на Бугарија и Македонија. Од Белград беше јасна пораката и беше во согласност со препораката од Европскиот парламент дека нема отворање преговори со Србија додека не воведе санкции против Русија, вели колумнистот Љупчо Поповски за Утрински брифинг.

Поповски вели дека барањата на Западот не се само да престане војната во Украна туку и да се повлечат руските сили што, како  што сега стојат работите, е малку веројатно дека ќе се случи. Оттука,санкциите против Русија ќе потрајат.

Од Србија за време на оваа посета на Шолц беше официјално побарано да го признае Косово. Иако ЕУ инсистира на целовитоста на Украина, сепак случајот со Србија е поинаков оти војните во 1990-тите ги започна Србија.

-Неправедна беше интервенцијата против Србија, но неправедна беше и интервенцијата на Србија во Косово. Не може да се повлече паралела меѓу ситуациите во Србија и во Украина, вели Поповски.

Во Бугарија е можно повторно да има предвремени избори, но ние не можеме да чекаме вечно Бугарија политички да се консолидира за ние да ги отпочнеме преговорите со ЕУ.

-Спасувајќи си ги премиерските кожи бугарските лидери поставуваат сѐ поапсурдни и поапсурдни услови. Мислам дека тоа го сфати и нашата страна, па спласнаа очекувањата дека Петков би можел да постапува поинаку од своите рпетходници. Ние треба да влегуваме со реални перцепции за бугарската политика. Она што исчезна од бугарската реторика во последниве месеци, а то е добро, што престанаа да нѐ нарекуваат „браќа“. Не можеш луѓето што ги уценуваш да ги нарекуваш „браќа“. Освен тоа, како мислат дека ги штитат Бугарите во Македонија со тоа што ги оневозможуваат да влезат во ЕУ оти и тие живеат во истава земја, вели Поповски.

Поповски го цитира бугарскиот политииколог Огњан Минчев, кој вели дека ветото на Бугарија е во интерес на Русија оти така се овозможува Србија пред Македонија да влезе во ЕУ по што повторно ќе се судрат влијанија врз Македонија. -Сите приврзаници на ветото во Бугарија се русофили, мож ли да има поголем доказ дека ова е точно, додава Поповски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Back to top button
Close