Видео: Поради Заедницата на српски општини нападнат заменикот на Курти
Активисти на Социјалдемократската партија (СДП) фрлаа торта и милкшејк кон Бесник Бислими, вицепремиер на Косово и главен преговарач на Приштина во дијалогот со Белград, затоа што прифатил да се формира Заедница на српски општини (ЗСО).
Демонстрантите повикаа на протест в сабота.
PSD activists threw a cake and milkshake at Kosovo’s Deputy PM Besnik Bislimi for accepting the Association of Serb Municipalities.
PSD has also called for protests on Saturday.pic.twitter.com/yUcw7FChG6
— kos_data (@kos_data) March 21, 2023
„Торта и милкшејк за ‘Заедницата’. Се радуваат оние што го прифатија тое! А ние, граѓаните на Косово, ќе се спротивставиме на ова и масовно ќе бараме оставка, затоа протестираме во сабота во 14 часот“,напиша на Фејсбук Дардан Молиќај, лидер на СДП.
Викендов во Охрид, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти, со посредство на Европската Унија се согласија за Анексот за имплементација кој заедно со Договорот ќе биде дел од европскиот пат на двете страни.