Видео: Портпаролот на ВМРО- ДПМНЕ му упадна на портпаролот на СДСМ додека тој даваше изјава за медиумите пред Белата палата
Портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ и Социјалдемократскиот сојуз денеска пред седиштето на опозициската партија даваа изјава во исто време, односно секој ја зборуваше својата реторика – додека Дарко Каевски од СДСМ го читаше текстот на утринското соопштение на владејачката партија, во кое меѓу другото се бара оставка од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, му пријде и се вмеша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој го попречуваше Каевски со поставување свои прашања, а портпаролот на СДСМ не се откажа и двајцата зборуваа во исто време пред камерите.