(ВИДЕО) Посмртните останки на телохранителите на Мадуро пристигнаа на Куба

Кубанската државна телевизија вчера наутро во живо го пренесуваше враќањето на посмртните останки на 32 кубански државјани кои загинаа во американските напади врз Венецуела за време на операцијата изведена во раните утрински часови на 3 јануари, чија цел беше заробување на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро.

Останките пристигнаа во кутии помали од ковчези, прекриени со кубанското знаме. Со години Куба испраќа илјадници свои граѓани во Венецуела, а за возврат добиваше испораки на нафта. Меѓу испратените Кубанци има наставници и лекари, но и разузнавачки агенти и припадници на обезбедувањето.

Кубанскиот претседател изјави дека луѓето не стануваат големи поради материјалното богатство.

Њујорк тајмс во декември објави дека, соочен со растечки американски воен притисок, Мадуро ја проширил улогата на кубанските телохранители во сопственото обезбедување и распоредил дополнителни кубански контраразузнавачи во венецуелските вооружени сили.

Посмртните останки на меѓународниот аеродром во Хавана ги пречекаа кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел, министерот за внатрешни работи Ласаро Алберто Алварес Касас и други високи функционери на Комунистичката партија на Куба.

Back to top button
Close