(ВИДЕО) Потресна снимка од Киев: Врзале ќебиња за да избегаат од запалениот стан

На социјалните мрежи се шири вознемирувачка снимка направена утрово, по синоќешниот силен руски напад врз Киев, главниот град на Украина. Во нападот изведен со дронови и ракети загинаа најмалку шест лица, а 14 беа повредени. Иако голем дел од руските дронови и ракети биле соборени, во Киев беа погодени две станбени згради, по што изби пожар.

Поранешен советник во украинското Министерство за внатрешни работи на платформата „Икс“ објави снимка за која наведува дека прикажува импровизирано „јаже“ направено од ќебиња и чаршафи. Станарите на една од погодените згради го спуштиле преку прозорецот во обид да избегаат од пожарот што настанал по рускиот удар.

Back to top button
Close