(Видео) Повредено мече на патот пред браната Маврово

Младенче од мечка е снимено на само стотина метри од браната Маврово, на патот меѓу Дебар и Маврово, објави порталот Гостивар прес.

 

 

На несекојдневната снимка се гледа како мечето претрчува преку патот, куцајќи на предната лева нога, која очигледно му е повредена.

Како што е познато, мечките во текот на зимата хибернираат, односно спијат, а напролет излегуваат и поминуваат цели денови во потрага по храна, што веројатно и го натерало мечето да се спушти во предели населени со луѓе.

 

 

Back to top button
Close