(ВИДЕО) Пожар во Бардовци: Евакуирани пациенти и персонал од психијатриската болница

Попладнево изби пожар во скопската населба Геге, кој брзо се прошири кон Бардовци и зафати дел од дворот на Психијатриската болница. Огнот захвати површини со сува трева и дрвја, заканувајќи се да навлезе во самиот комплекс на болницата.

Навремено реагирање спречи поголема трагедија – сите пациенти и персоналот беа безбедно евакуирани.

Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш побара дополнителни сили од Противпожарната бригада и стапи во контакт со Хеликоптерската единица на МВР. Првично се разгледувала можноста за пренасочување на воздушна поддршка која веќе делувала во реонот на Чучер Сандево – Блаце, но на крајот тоа не било потребно.

„Пожарот е ставен под контрола, а хеликоптерот на МВР останува на задачата во Блаце“, соопштија од ЦУК.

На терен биле и директорот на болницата Иса Абдулаи и директорот на ЦУК, кои ја координирале акцијата на лице место.

Видео: Скопје1

Back to top button
Close