(ВИДЕО) Пожар во Гази Баба: Гори објектот на поранешниот дом за згрижување „Ранка Милановиќ“


Гори објектот на поранешниот дом за згрижување на деца и мадинци „Ранка Милановиќ“ во Општина Гази Баба, инфомира вечерва на својот фејсбук-профил градоначалникот на општината, Бобан Стефковски.

Пожарот, како што објави тој, опфаќа кровна конструкција на еден од објектите.

„Во пожарот едно лице има вдишено чад и за среќа нема потешко повредени“,пишува Стефковски на Фејсбук.

Во фејсбук-објавата Стефковски додава дека изминатиот период повеќепати упатил барање до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Домот за згрижување деца „25 Мај” во чија надлежност е напуштениот објект за обезбедување на истиот, но како што вели, од нив до денес, нема никаква реакција.

„Јавно апелирам и барам од надлежните институции веднаш да се преземат мерки за обезбедување на објектот кој е бесправно населен со цел да се спречат во иднина вакви и слични проблеми од кои можат да настанат сериозни последици“,додава градоначалникот на Општина Гази Баба.

Back to top button
Close