ВИДЕО: Пожар во Ковид болница во Романија – починааа девет лица

Во пожар кој утрово изби во болница во романскиот град Констанца загинаа најмалку 9 лица.

Во тек е евакуација на пациентите и вработените во болницата за инфективни болести.

„Потврдуваме дека има мртви“, навеле од Министерството за здравство. Додале и дека во болницата биле сместени 113 пациенти, од кои 10 биле на интензивна нега.

Пожарот во меѓувреме бил изгаснат, а Ројтерс наведува дека во таа болница се лекувале само заразени од Ковид 19, како и дека досега се евакуирани 50 пациенти и префрлени во други болници.

Според Инспекторат за итни случаи, пожарот избил на првиот спрат од зградата, а засега не е познато дали избил на одделението или во лекарската ординација.

Работите дополнително биле отежнати поради фактот што имало пациенти кои се неподвижни.

Некои од пациентите биле евакуирани преку прозор.

Back to top button
Close