(Видео) Пожар во кругот на Цементарница Усје


Пожар избувна во кругот на Цементарница Усје во Кисела Вода, потврдија за МИА од Противпожарната бригада на Скопје.

Командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томески изјави дека интервенцијата е во тек. На терен се испратени две возила и девет пожарникари.

Пожарот е пријавен околу 12 часот, а причина за пожарот најверојатно е дефект на електрична инсталација.

Back to top button
Close