(Видео)Пожар во Сараево Автобуската станица во пламен, има и повредени луѓе

На Автобуската станица во Сараево попладнево изби пожар, а според информациите на некои локални медиуми, има и повредени.

На местото на инцидентот веднаш биле испратени пожарникарски, медицински и полициски екипи.

Огнот ги зафатил продавниците кои се наоѓале во склоп на Автобуската станица.

Густ чад брзо се издигнал над областа, а многу луѓе во паника го напуштиле просторот на станицата.

Засега не е позната причината за пожарот во општината Ново Сараево.

Back to top button
Close