ВИДЕО: Пожар во судот во Куманово, изгоре архивата

Ноќеска, час и половина по полноќ, настанал пожар во подрумските простории на Основниот суд Куманово каде се наоѓа архивата, известува Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК).
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Куманово интервенирале со две противпожарни возила, а во гаснењето на пожарот учествувале седум пожарникари.
„Пожарникарите од ТППЕ Кумнаво од 01:35 часот интервенираа на опожарени подрумски простории во зградата на Основен суд во Куманово, каде што се наоѓа архива на Судот. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот е локализиран, но една екипа од ТППЕ Куманово се уште е на терен“, информираат од ЦУК Куманово.
Претседателката на судот, Снежана Манева, во изјава за „360 степени“, вели дека проблемот е сериозен, оти пожарот сè уште не е изгаснат. Претпоставките се дека причината за огнот, најверојатно, е проблем со струјата.
„Проблемот е сериозен, сè уште гори. Немаме конкретна информација од што настана пожарот. Пожарот изби во подрумските простории, каде се наоѓа дел од архивата. Ние имаме огромна архива низ целиот суд, овде е само дел и таа е зафатена. Во овој момент не можам ништо дополнително да ви кажам“,вели Манева






