Видео: Пожарите во Црна Гора голтаат куќи, огнот стигна до плажите, Владата бара помош

 

Огромен пожар избувна утрово над Чањ во Црна Гора, а густ чад стигна до плажите. Според информациите што се достапни, пожарот досега стигнал до Подгорица, Будва, Бар, Никшиќ, Шавник и Бијело Поље. Србија испратила хеликоптер за да помогне во гаснењето на пожарот , а еден пожарникар бил повреден во експлозија во Рогами.

На снимките од утрово, на локалната плажа во Чањ се гледаат лежалки и чадори, луѓе седат, средуваат работи, а некои од нив сè уште се капат, додека наоколу се шири густ чад од пожарот што избувна во непосредна близина синоќа.

Пожарот го зафати подрачјето над плажата Краљичина, на ридот Дубовица, каде што има густа вегетација.

Граѓаните стравуваат дека ќе има експлозија

Како што објави Вијести, неколку граѓани на Петровац контактирале со оваа редакција, стравувајќи дека во текот на ноќта северниот ветер ќе го прошири пожарот и дека ќе биде загрозен магацинот на „Техногас“.

Според нив, ако пожарот се приближи до тој магацин, може да има експлозија.

 

Пожарот се заканува да ги загрози станбените згради

„Пожарот се заканува да ги загрози станбените згради , па затоа противпожарните единици вложуваат максимални напори за да ги одбранат населбите во овој дел од општина Бар“, изјави од терен Ацо Вулевиќ, раководител на Службата за заштита и спасување на Бар.

 

Ттттттѕѕѕѕѕѕттт<

Back to top button
Close