(Видео) Пред ДИК протест за поддршка на првиот градоначалник Албанец на Чашка

Група граѓани се собраа на протест пред седиштето на Државната изборна комисија, а меѓу нив беше и Суат Шаќири, победник и најверојатно прв градоначалник Албанец на општина Чашка.

Иствремено се одлучуваше по пет жалби поднесени до ДИК за процесот на гласање во Општина Чашка. Од нив, четири се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, две за Горно Јаболчиште и една во Долно Јаболчиште. Една жалба во селото Мелница е поднесена од партијата СДСМ.

Приговорите се за процесот на гласање, односно не работела биометриската опрема, а се гласало преку списокот на избирачкото место. (Видео: тв21)

 

Back to top button
Close