(Видео) Пред Собранието демонстрантите запалија плакат со сликите на пратениците од владејачкото мнозинство

 

Додека демонстрантите поминуваа кај плоштадот Скендер бег дојде до судир со лица кај Старата Чаршија, летаа камења и други предмети, искршени се излози, поради што интервенираше и полицијата

Демонстрантите кои денеска петти ден протестираат во Скопје против францускиот предлог за решавање на проблемот со Бугарија и отворање на преговорите со ЕУ, пред малку пред Собранието на металните барикади поставија плакат со фотографии на пратениците од мнозинството, на кое пишуваше „Предавници“, по што за кратко и го запалија.

Протестот насловен како „Ултиматум – не благодарам“ започна од Владата, па преку МНР до Собранието.

Додека демонстрантите поминуваа кај плоштадот Скендер бег дојде до судир со лица кај Старата Чаршија, летаа камења и други предмети, искршени се излози, поради што интервенираше и полицијата.

Back to top button
Close