(ВИДЕО) Прекина собраниската комисија за платите на наставниците, Лазаревска кон опозицијата: Оставете ме луѓе!

Повторно не почна расправата по двете точки на дневниот ред на  деветта седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, која денеска го имаше петтото продолжение.

Поради несогласувања на опозициските пратеници и претседателката на комисијата Жаклина Лазаревска од СДСМ околу дневниот ред на седницата, таа даде еден час пауза.

Според Лазаревска, дневниот ред бил изгласан со осум гласа „за“ на седницата на 17 јуни 2021 и затоа продолжуваат со работа.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, пак, кои собрани пред претседателката реагираа бурно, негираа дека дневниот ред тогаш бил усвоен и побараа снимка од таа седница. Инсистираа дека треба да им се дозволи процедурални излагања пред усвојување на дневниот ред.

-Колку што сакате процедурални ќе имате, ако сакате пет месеци, пет месеци ќе си терате. Не е проблем, јас ќе ви давам, рече Лазаревска, која за да ја смири полемиката даде еден час пауза, како што рече, за понатамошни договарања

 

Back to top button
Close