ВИДЕО: Преку 300 лица приведени во Вашингтон

Шеесет и осум лица беа уапсени во Вашингтон преку ноќ како дел од федералните мерки за борба против криминалот, објави американската државна обвинителка Пам Бонди на социјалните мрежи.

„Над 300 апсења во Вашингтон – и бројот на апсења расте: Само синоќа, нашите федерални партнери и органите за спроведување на законот во Вашингтон извршија 68 апсења и запленија 15 парчиња нелегално огнено оружје“, напиша таа.

 

Минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп објави неколку мерки за борба против криминалот во Вашингтон:

 

Локалната полиција е под директна контрола на федералната влада;

Војници на Националната гарда беа испратени во главниот град;

Доколку е потребно, таму можат да бидат испратени и вооружени сили.

Како одговор на овие мерки, жителите на градот редовно излегуваат на улиците на протести

Back to top button
Close