ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“, гостинка Петровска: Не слушај што велат политичари, но што прават, а ние направивме многу

Министерката за одбрана Славјанка Петровска е денешна гостинка во поткастот „Политиканти“. Борјан Јовановски и Сашо Орданоски со министерката поразговараа за женските права и третманот на жените во професиите и во политиката и дали е лицемерно во вакви услови да се честита 8 март.

Каков е односот на мажите во униформа кон колешките во униформа во Армијата и кога ќе биде првата жена генерал? – ги интересираше Сашо и Борјан со оглед на маскулинистичкиот амбиент што ја следи војската како професија.

Има ли женска солидарност меѓу пратеничките од позицијата и опозицијата? Дали пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ се оградија од личните напади што ги доживеа министерката Петровска?

Зошто кај нас сè уште не се сфаќа во целост значењето на НАТО за нашата безбедност? Што ако не бевме членка на НАТО додека во Европа се води војна? Дали бизнис заедницата е свесна колкава предност е за стопанството членството во НАТО? Има претседателски кандидати кои се залагаат за излегување од НАТО. Каква е проценката на министерката за одбрана колкав процент од народот во Македонија би се согласил на тоа?

Дали Македонија, како мала земја и членка на НАТО, ќе гласа новиот лидер на НАТО повторно да биде од големите земји или ќе се приклучи кон дебатата на помалите земји кои се незадоволни што ни во ЕУ ни во НАТО не добиваат клучни позиции? Како и со кого ќе излезе СДСМ на парламентарните избори и дали Петровска ќе биде носител на листа?

За ова и многу повеќе во новото издание на подкастот „Политиканти.мк“ на Слободен печат.

Back to top button
Close